After Midnight

Пет примери кои го објаснуваат нашиот страв од љубовни врски и зближување

Повеќето ќе ви кажат дека нема ништо подобро од чувството што го имаме кога сме во врска со личноста што ја сакаме, но тоа едноставно не е доволно за некои луѓе. Ги прогонуваат некои стравови што ги спречуваат да се врзуваат со другите луѓе и да го откриваат вистинското значење на љубовта.

Се плашиме од повторување на старите грешки

Убедени сме дека нашата нова врска ќе заврши исто како и старата, затоа се откажуваме од љубовта уште пред да ја започнеме. Ова е, ќе се согласите, прилично губитнички став кој не охрабрува да се самосожалуваме, наместо да се справуваме со проблемите и да дозволуваме другите луѓе да влезат во нашите животи. Старата поговорка дека нема профит без ризик, важи и во овој случај.

Тешко ни е да се поврземе само со една личност

Притисокот да се биде со само една личност во денешно време е помал отколку кога нашите родители биле млади. Некои луѓе немаат проблем да бидат во отворена врска со партнерот затоа што веруваат дека заљубувањето носи повеќе штета отколку корист. Луѓето кои го избираат овој начин на живот се најчесто деца од несреќни бракови кои се плашат дека судбината на нивните родители ќе се повтори.

Не сакаме да го изгубиме нашиот идентитет

Вложивме многу напор во развојот на нашата личност и нашата независност, за туку така да одлучиме целосно да се предадеме на друга личност и да дозволиме да се променат нашите чувства. Ова е заеднички став на многу луѓе. Вистината е дека промената е неизбежна, сакале или не, и ако мислиме дека за десет години ќе бидеме исти како денес ако останеме сами, многу грешиме.

Се плашиме од реакцијата на околината на нашиот избор на партнер

Кога ќе стапите во врска со нов партнер, бидете сигурни дека сите луѓе околу вас ќе имаат мислење за него / неа, и многу од нив ќе ви кажат за тоа дури и без да ги прашате. Родителите скоро сигурно ќе ве известат дали го одобруваат или не го одобруваат вашиот избор. Јасно е дека може да биде многу стресно, но сепак не е добра причина да се изгуби љубовта. На крајот на краиштата, секој што ве осудува денес бил суден вчера или ќе биде суден утре од истите причини.

Се плашиме да ги откриеме нашите чувства

Покажувањето чувства е проблем за многу луѓе. Тие се плашат да бидат ранливи пред другите луѓе и да ги откријат своите слабости. Секако, секогаш постои страв дека нашиот партнер ќе не одбие откако ќе дознае сè за нас. Ова е погрешен начин да се погледнат работите. Врските, меѓу другото, служат за партнерите да си даваат едни на други утеха и да си помагаат во најтешките моменти.

Напиши коментар