After Midnight

Пет сигурни докази дека покрај себе имате личност која ќе ве сака засекогаш

Некои љубови минуваат, додека некои се вечни. А, како можете да знаете дали избраникот на вашето срце ќе ве сака засекогаш?

Сака да поминува време со вас

Ако ви испраќа пораки секој ден и ве прашува што би сакале да правите (секако заедно), тоа е јасен знак дека вие многу му значите. И дека тој нема намера да престане да ве сака.

Ве има на ум кога носи големи и важни одлуки

Човек што ве сака нема да прифати нова работа без да разговара со вас за тоа. Тој сака да учествувате во сите големи одлуки во врска со неговиот или вашиот заеднички живот.

Тој ви кажува работи што не ги кажал на никој друг

Момците не си доверуваат лесно никому, па ако тој ги споделува своите најскриени „тајни“ со вас и работите што не му ги кажал ниту на својот најдобар пријател, значи дека ве сака во својот живот засекогаш.

Не флертува со други девојки

Ако момчето ве гледа само вас и не ги забележува другите девојки, бидете сигурни дека тој не е како другите момци. А, ако не чувствувате и најмало сомневање дека би можел да флертува со други девојки, ако вашиот инстинкт тоа ви го зборува, тоа е знак дека тој е момчето кое ќе ве сака засекогаш.

Ги поддржува вашите цели

Не се чувствува загрозен од фактот дека сакате да бидете успешна и остварена жена, туку ве поддржува во сè што сакате да направите. Тој е секогаш до вас кога ви треба совет и помош, затоа што сака да види како ги остварувате вашите соништа и да биде покрај вас кога тоа ќе се случи.

Напиши коментар