Free zone

Пет зачудувачки нешта кои им се случуваат на девојчињата за време на менструалниот циклус – Ова може да ти ги разјасни сите нејаснотии поврзани со „оние денови во месецот“

Почуствителни сме на болка
За време на тие 5 или 7 дена, или додека трае нашата менструација, нашето тело станува почувствително на болка отколку што е вообичаено. И ова не значи само грчеви во стомакот што особено им пречат на некои девојки, туку болка низ целото тело. Непосредно пред да започнете со менструација, нивото на хормонот естроген во вашето тело се намалува, што влијае на вашата чувствителност. Некој ќе ја почувствува оваа промена повеќе, некој помалку, а некој можеби воопшто, зависи од телото.

Ни се менува гласот
Дали знаевте дека вашиот глас станува подлабок за време на менструацијата? Верувале или не, ова навистина се случува, но најчесто ние самите никогаш нема да го забележиме. И, ова е поврзано со намалувањето на количината на естроген што се јавува во тие денови од месецот.

Почесто забораваме
Бидејќи нивото на хормони се менува, понекогаш може да се чувствувате како мозокот да работи помалку и да ги заборавате работите полесно и почесто од вообичаеното. Ова не ви се чини, навистина се случува.

Нашите гради се почувствителни
Непосредно пред да започне менструацијата, ќе забележите дека одеднаш вашите гради, поточно брадавиците, се почувствителни од вообичаеното. Нема за што да се грижите, бидејќи ова е сосема нормално. За неколку дена, сè ќе се врати во нормала.

Менструалната крв доаѓа во различни бои
Да, менструалната крв има повеќе бои и тоа е сосема нормално. Секоја боја има различно значење. Таквата светло-црвена боја значи дека активно крварите, додека кафеавата крв може да значи дека се „остатоци“ од последната менструација. Таа е со различна боја затоа што оксидирала. Вашата крв може да биде посветло црвена, што обично е на почетокот или на крајот од менструалниот циклус, а може да биде и потемна црвена, што обично ќе ја гледате наутро кога ќе се разбудите, затоа што тогаш останува во матката подолго време.

Напиши коментар