After Midnight

Пет знаци кои покажуваат дека навистина му значиш

Чувствата честопати не е лесно да и се признаат на другата страна, но нашето однесување, свесно и несвесно, може да открие многу, вклучително и на нас, кога не сме сигурни дали некој пријател или романтичен партнер навистина се грижи за нас.

Усогласени се со твоето расположение и однесување

Тој знае кога нешто ти се случува без воопшто да мораш да кажеш нешто.

Се грижи за тебе, дури и на најмали начини

Секогаш ти купува храна или пијалок и знае што сакаш да јадеш или пиеш. Се труди да ти помогне на најразлични начини, за ти да изгледаш или да се чуствуваш подобро.

Ја покажува својата љубов кон тебе, без никогаш да мора да ја искаже

Неговите постапки се најистакнатите намери на неговото срце и знаеш дека те сака уште долго пред зборовите да излезат од неговата уста.

Секогаш е на твоја страна

Без разлика дали молчиш или едноставно не си присутна, лицето кое искрено се грижи за тебе ќе остане лојално и ќе ја заштити твојата репутација дури и кога не си таму за да бидеш сведок на тоа.

Убаво ќе се збогува со тебе

Ако дојде ден кога ќе треба да се разделите или лицето чувствува потреба да излезе од твојот живот, тој ќе се обиде да ја направи разделбата што е можно попријатна и пољубезна. Ќе се збогува и притоа ќе ти објасни зошто заминува.

Напиши коментар