After Midnight

Пет знаци кои покажуваат дека твоето момче не е твојата сродна душа

Не можеш да му веруваш целосно
Најдобрите врски секогаш се засноваат на доверба. Ако се сомневаш во партнерот и некои аспекти од вашата врска, веројатно сè уште не си ја пронашла својата сродната душа.

Се замислуваш себе со некој друг
Сите ние сме човечки суштества и не можеме да си забраниме да забележуваме привлечни луѓе околу нас, дури и кога сме во друштво на нашата сродна душа. Но, постои разлика помеѓу перцепирање и замислување себеси во однос со друг. Кај сродните души, мислата да се биде со некој друг едноставно не се јавува.

Не се разбирате
Сродните души скоро секогаш се разбираат. Тие знаат кои се нивните навики, како реагираат на одредени работи и знаат навидум безначајни детали еден за друг. Тие ги разбираат чувствата на другата личност и знаат кога е вистинско време за разговор и кога треба само да им дадат утеха. Ако не ги разбираш мотивите и однесувањето на твојот партнер, тоа веројатно не е твојата сродна душа.

Наместо да растеш како личност, чувствуваш дека стануваш помалку и од она што си била
Една од најубавите работи во врска со сродната душа е тоа што го поддржува твојот емоционален, психолошки, па дури и физички развој. Те охрабрува да се соочиш со сите стравови и најдлабоки несигурности и да ја прифатиш вистината за себе. Затоа, не е ни чудо што сродните души се толку силно привлечени. Тие разбираат дека си помагаат едни на други за да станат подобри луѓе. Ако чувствуваш дека вашата врска стагнира, твојата сродна душа веројатно сè уште те чека на друго место.

Едноставно знаеш
На крајот, не мора да размислуваш многу за да откриеш дали си се сретнала со сродната душа или не. Кога ќе ја запознаеш, едноставно ќе знаеш. Се чувствуваш како сите планети да се совпаѓаат и сè е совршено.

Напиши коментар