Celebrity

Петте тајни на Одри Хепберн за здрав и среќен живот

Елегантна и убава, популарната актерка позната по своите одлични филмови и хуманитарни дела, Одри Хепберн, беше и ќе остане пример за многу жени, кога се во прашање стилот и убавината. Водела здрав живот, не само затоа што тоа е исправно, туку и затоа што ја правело среќна.

Пијте многу вода

Таа инсистирала и влијаела кај сите да внесуваат повеќе вода. Воспитана е на тој начин да се храни здраво, а најмногу јадела зеленчук.

Јадете месо, но малку

Јадела месо, но во мали количини. Дури 80% од нејзините оброци се состоеле од овошје и зеленчук.

Не плашете се од стареење

Таа имала многу здрава визија за својот живот и воопшто не се плашела од стареењето. Се разбира, таа се жалела на брчки и седа коса, но навистина уживала во секоја година од нејзиниот живот.

Компирите се неопходен дел од оброкот

За неа оваа храна била незаменлива и важен дел од нејзината исхрана.

Уживање во малите нешта

Таа имала позитивен поглед кон животот. Секогаш била онаква каква што се претставувала – наивна како девојче. Секој пат кога ќе откриела нешто ново, кога одела на пазар или ќе пронашла нов рецепт, таа била возбудена како мало девојче. Го живеела животот со полни гради и му се радувала на секој нов ден.

Напиши коментар