Hi-Tech

Playstation 5 стапи во акција: Огромен е и супер брз!

Фановите на видео игри едвај чекаат да дојде ноември, кога новиот Playstation 5 започнува со продажба. Напишавме за можностите на уредите од следната генерација и сега имаме можност да ги видиме на дело!

Sony им обезбеди на неколку јапонски јутубери (4Gamer, Денгеки) ексклузивен пристап до конзолата, за дополнително разбранување на јавноста и зајакнување на маркетинг кампањата.

Според достапните податоци, димензиите на конзолата се 39 × 10,4 × 26 сантиметри, а тежината е скоро 4,5 килограми.

Производителот го подобри системот за ладење, така што во иднина нема да го слушаме непријатниот звук на вентилаторот. Како што се очекуваше, уредот е исклучително брз, особено во сегментот за вчитување на играта.

На следното видео можете да го видите Playstation 5 на дело, и да ги дознаете најважните детали пред почетокот на продажбата:

Напиши коментар