Celebrity

По 10 години најавија албум: “Evanescence” ја воодушеви публиката со новата песна!

Познатата рок-група „Evanescence“ го објави новиот сингл „Yeah Right“, кој ќе се најде на нивниот претстоен албум „The Bitter Truth“.
Албумот треба да излезе на 26 март 2021 година, и ова е нивно петто студиско издание. Овој албум го наследува „Synthesis“ од 2017 година, односно ова е прв проект со оригинален материјал во последните десет години, уште од нивниот бестселер албум од 2011 година, наречен по името на бендот.

Ова е четврти сингл од претстојниот студиски проект, а тие претходно ги објавија песните „Wasted On You“, „The Game Is Over“ и „Use My Voice“.

Напиши коментар