Денес Дуа Липа е светски позната пејачка, но со години наназад гордо го истакнува своето потекло, што е делумно одговорно за нејзиниот успех.
Имено, таа е Албанка од Косово, а пред неколку месеци направи гаф кога зборуваше за ајварот од Лесковац, претставувајќи го како „албанско национално јадење“ и „специјалитет од Албанија“.
Нејзината колешка, инаку родена во Америка, Бебе Реџа, сега направи слична работа.
Таа на својот Инстаграм објави видео на кое се гледа како мачка ајвар на парче леб и вели дека тоа е „албанско јадење што сите го сакаат“ и дека „добро оди со јајца“.
Но, нејзината тегла ајвар не доаѓа од Албанија, туку од Македонија.
Дуа Липа беше главна тема во последните неколку месеци, и тоа поради Косово и ајварот.
Таа најпрво јавно побара од компанијата “Apple” на своите мапи да го вклучи независно Косово. Бучавата за тоа не стивнуваше, а таа успеа да го „зачини“ скандалот со ајварот од Лесковац кога во една емисија изјави дека овој специјалитет е албанското национално јадење, коешто „мора да го пробате пред да умрете“.