Free zone

По хороскопскиот знак можете да откриете кој партнер е идеален за вас!

Секоја жена има одреден тип на маж кој најмногу ја привлекува.

Додека некои сакаат неизлечиви романтики, други повеќе ги привлекуваат мачо мажите, а голема улога во тоа игра, наводно, хороскопот. Постои совршен тип на момци за секоја од четирите знаци, па затоа проверете го вашиот:

Водени знаци – Рак, Риби, Шкорпија

Водените знаци се секогаш подготвени за акција и обично се многу спонтани, така што тие ги вреднуваат истите работи кај потенцијалните партнери. Ако сте родени во еден од овие знаци, потребен ви е човек кој сака да излегува, да патува и да има авантури со вас.

Огнени знаци – Лав, Овен, Стрелец

Љубезни и добри мажи едноставно не привлекуваат жени родени во оваа група на знаци. За нив „лошите момци“ се позабавни кои ќе донесат малку возбуда и акција во врската. Но, внимавајте да не налетате на вистински опасен човек кој само ќе ви носи проблеми.

Воздушни знаци – Близнаци, Вага, Водолија

Жените родени во овие знаци обично се несигурни, па затоа им е потребен одлучен и доминантен дечко на кој можат да се потпрат и со тек на време да им помогне во изградбата на самодоверба. Затоа, воздушните знаци најчесто се насочени кон мажите кои сакаат да преземат иницијатива и да делуваат заштитно кон нив.

Земјени знаци – Девица, Бик, Јарец

За овие знаци најважна е финансиската безбедност, па затоа нив најмногу ги привлекуваат успешните мажи кои можат да им овозможат сѐ, додека другите вредности се во втор план. Но, ако сте родени во еден од овие знаци, вашите пари и кариера не треба да бидат приоритет во пронаоѓањето на партнер, туку само дополнителни бонуси.

Напиши коментар