Celebrity

ПО НЕЈЗИНИТЕ ГРАДИ ВОЗДИВНУВАА МАЖИТЕ ШИРУМ СВЕТОТ!

Саманта Фокс (53) сега воздивнува по норвежанката (45) со која е свршена.

Поп-пејачката Саманта Фокс (53) своевремено ги мамеше воздишките на мажите ширум светот.

Но, за време на престојот во „Големиот брат“ за славни, таа призна дека ја привлекуваат жени и со тоа ги скрши срцата на многу мажи.

Љубовта е поголема од сè и не можете да изберете во кого ќе се заљубите“, рече британската поп-ѕвезда и секс симбол на осумдесеттите години во времето кога се заљуби во нејзината долгогодишна девојка Мира Стретон.

Тие поминаа 12 години заедно и пред четири години, Мира ја загуби битката со ракот и почина.

Сепак, денес, Саманта ја најде среќата во прегратката на осум години помладата норвежанка Линда Олсен, со која сега се сврши.

„Сем и Линда се многу среќни и сакаат да го поминат остатокот од животот заедно. Тие се во љубов, се сакаат една со друга и сакаат тоа да биде официјално“, изјави извор за „The Sun“.

Поради пандемијата на корона вирусот, тие решиле да ја откажат свадбата до понатамошно известување, но веќе се шпекулира околу можниот датум.

Напиши коментар