Free zone

„Подобро е да комуницирате со добра книга, отколку со празен човек“ – Цитати од еден руски психолог кои многу ќе ви помогнат во животот

Михаил Литвак е еден од најпознатите психолози во светот денес. Овие неколку совети, иако се кратки, ако навистина ги разбете и знаете како да ги примените во животот, за вас нема да постојат никакви препреки.

Д-р Литвак развил систем кој го нарекол „психолошко аикидо“ и прв кој го применил бил самиот тој. Овие психолошки совети, доколку започнете да ги применувате, ќе станат вашето најмоќно оружје.

  • Ако еден човек нема што добро да каже за себе, а сака да каже нешто, тој ќе почне да зборува лошо за другите луѓе.
  • Никој никого не отфрла, само некои одат напред, а други заостануваат. Оние што заостануваат, мислат дека се отфрлени.
  • Ако мислите добро за себе, зошто и другите треба да мислат добро за вас?
  • Ако сакате нешто, не барајте дозвола. Нема да ја добиете!
  • Способноста да ја сакате и толерирате осаменоста е показател за духовна зрелост. Всушност, ние најдобро функционираме кога сме сами.
  • Не знам кој е патот до успехот, но знам кој е патот до неуспехот – тоа е желбата да им се допаднеме на сите.
  • Ако сакате да се сретнете со вашиот најголем непријател – погледнете се во огледало. Кога ќе се соочите со него, лесно ќе ги победите сите останати.
  • Постои само една валидна причина да се стави крај на врската со некого или да се прекине работниот однос – неможноста за личен раст и развој во тие услови.
  • Не ја барајте среќата и ќе го најдете место каде што живее таа. Среќата ќе ве пронајде вас. Можам да ви кажам за едно место кадешто сигурно се наоѓа – во вас. Патот до тоа место е максимално да ги развивате своите способности.
  • Ако сакате некому да му докажете нешто, тоа значи дека живеете за таа личност. Но, ако живеете за себе, тогаш не мора никому да се докажувате.
  • Имагинацијата е гласот на нашите способности. На пример, сонувам да пеам во опера, а немам ниту глас ниту слух, ќе биде многу тешко да стигнам до таму. Но, ако фантазирам за нешто што е повеќе во согласност со моите способности, ќе ги реализирам своите соништа прилично брзо. Добро е кога човек може да си рече – се занимавам само со тоа како ќе ги остварам своите соништа.

Напиши коментар