Celebrity

Погледнете го потресниот документарец на Парис Хилтон

За прв пат, Парис Хилтон реши да ја отвори душата и да зборува за злоставувањето што го доживеала како тинејџерка. Во интимниот и потресен документарец, Парис открива дека била злоставувана и малтретирана.

„Толку долго ја криев вистината. Тоа се случи кон крајот на деведесеттите години, но јас сум горда на тоа каква жена станав. Родителите ми беа строги, а јас бев бунтовничка, ме казнуваа земајќи ми ги картичките, телефонот, но не им упали, јас продолжував да излегувам“, раскажува таа во документарецот, а потоа додава дека завршила во интернат.

„Тоа требаше да биде училиште, но не беше така. Откако ќе се разбудев, ми врееска во лице, тортурата беше постојана. Ме злоставуваа, мислам дека целта им беше да нè скршат. Нè тепаа и давеа, сакаа да создадат страв за сите да бидеме мирни и послушни. Го мразев својот живот“.

„Сакам ваквите институции да бидат затворени засекогаш, доста беше малтретирање“, додаде таа.

Напиши коментар