Сè уште се сеќаваме на 7 октомври 2019 година, кога Аријана Гранде во Стокхолм, како дел од sweetener турнејата, оддржа концерт.
Оние што тогаш немаа можност да го погледнат во живо, ќе можат да уживаат на 21 декември, кога пејачката ќе објави снимка од турнејата на Нетфликс.
Аријана и нејзиниот тим подготвија концертен филм наречен Excuse me, i love you.
„Знам дека овој проект прикажува само делови од една турнеја (од стотиците концерти и моменти што сме ги споделиле во изминатите шест или седум години), но сакав само да ви се заблагодарам што ми пруживте повеќе во животот отколку што можев да замислам“, напиша таа на Интернет.