Добрата фризура може да направи да изгледате помладо или пак да додаде некоја година плус на вашето лице, да ви го промени стилот, да ја поедностави вашата “beauty” рутина – но, најважното од се е што таа носи новитет и свежина во вашето секојдневие.
Погледнете ги овие трансформации и пронајдете инспирација за себе. Не постои облека или шминка што може да има значење за изгледот, колку што може да има фризурата – особено ако е таква, што ќе направи да се чувствувате одлично во своја кожа и да зрачите со самодоверба.
За големи промени во должината, потребно е и малку храброст.
Кратката коса има “antiage” ефект.
Освен кратењето, и бојата игра голема улога.
Кој рече дека кратката коса делува помалку женствено?
Поради лошата боја, и тенот на кожата може да делува погрешно.
По некој нов прамен и неколку сантиметри помалку, можат да направат голема разлика.
На крајот, сите ќе се согласиме дека кратката коса е и многу полесна за оддржување.