Free zone

Погледнете како изгледа прстенот со најмногу дијаманти на светот

Харшит Бансал, основачот на индиската компанија за накит „Renani Jewels“, влезе во Гинисовата книга на рекорди за најмногу дијаманти вградени во еден прстен.

Тој рече дека добил инспирација да постави ваков рекорд пред две години, додека го усовршувал занаетот за накит во градот Сурат, во западна Индија.

Пред помалку од еден месец, на 30 ноември 2020 година, компанијата на Харшит го заврши прстенот кој содржи 12.638 дијаманти.

Наречен Кадифа, познат и како „Прстен на просперитетот“, има кружен цветен дизајн украсен со илјадници дијаманти.

Напиши коментар