Celebrity

Погледнете како вежба Миранда Кер

Манекенката Миранда Кер е една од најубавите славни жени и најбараните модели, но и самата признава дека нема многу време за да им се посвети на тренинзите. „Како и другите мајки кои работат, и мене ми е тешко да ги балансирам сите одговорности, затоа вежбањето е многу често на самиот крај на мојата листа на приоритети“.

Токму поради ова, самата позната манекенка измислила 15-минутен тренинг што е сосема доволен за совршено обликување на телото. „Мојот тренинг ги погодува сите проблематични точки на телото. Не ми треба опрема и успевам да направам се што е потребно“, објасни таа. Нејзиниот тренинг се состои од склекови, чучњеви, „jumping jacks“ (скокови со раширени раце и нозе) и стомачни кои ги обликуваат сите мускули.

Ова е 15-минутниот тренинг на Миранда:

1 минута склекови
1 минута планк вежби
1 минута чучњеви
1 минута jumping jacks
1 минута кревање на левата нога
1 минутa подигнување на десната нога
1 минутa мост
1 минута jumping jacks
1 минута наизменичен исчекор со чучњеви
1 минута седење на ѕид (потпрете се на ѕидот и заземете позиција како да седите на стол, со раширени раце)
1 минута трчање во место (колената се креваат колку што е можно повеќе)
1 минута jumping jacks

Ако сте почетник: Олеснете си со женски склекови на колена, а планк вежбата правете ја шест пати по 10 секунди.

Напомена: Направете вежби за загревање пред секој тренинг за да ја намалите можноста од повреди. За почеток, вежбајте три пати неделно.

Напиши коментар