Free zone

Погледнете која на боја на нокти ќе биде вистински тренд оваа зима!

Мрачното есенско време и лошата епидемиолошка состојба неизбежно влијаат на расположението на секоја индивидуа. Сепак, ние се бориме против лошите вести на различни начини.

Тоа што немаме шанса да излеземе надвор, не значи дека не треба да се грижиме за себе и да се разубавуваме. Бидејќи само малите нешта како уредната фризура и интересен маникир можат да ни го разубават денот. Затоа ги истражувавме трендовите кога станува збор за ноктите и ги откриваме најголемите новитети.

Шарени нокти

Ова всушност не е новитет затоа што маникирот со секој нокт во различна боја или различни нијанси со иста боја владееше во текот на пролетта и летото, но продолжи и во студените месеци, кога се промени само бојата. Во зависност од вашиот сензибилитет, можете да изберете десет сосема различни бои или слични бои и нијанси. Во оваа комбинација, пастелните нијанси се особено релевантни, како и мат-боите.

Есенски бои

Исто како кога станува збор за трендовите на шминкање, така и за боите со кои ги украсуваме ноктите, секогаш се вртиме кон природата. За време на есента, боите на паднатите лисја ни даваат неисцрпна инспирација, така што во овие месеци најпопуларни се ноктите излакирани во земјени тонови, бордо, како и окер.

Темно сина

Во студените денови, најголемата класика кога станува збор за маникир е црната боја. Сепак, оваа сезона беше заменета со темно сина боја. Можеби необично и сосема неочекувано, оваа боја секако се истакна како еден од водечките трендови што ќе преовладуваат во наредните месеци.

Геометриски форми

Ако сакате необичен разигран маникир, овој тренд сигурно ќе ви се допадне. Ноктите со апстрактни или геометриски форми дефинитивно ќе привлечат внимание. Во боите доминира класичната црна, но можете да ги користите и сите лакови што ги имате дома.

Француски маникир

Некогаш незаменливиот, а потоа заборавен, француски маникир се врати на големата врата оваа сезона. Сепак, покрај класиката, постојат различни варијанти на овој маникир. Наместо бела, можете да користите друга боја, а врвот на ноктот можете да го декорирате со мотив или натпис. Која верзија и да ја изберете за овој маникир, ќе остави впечаток на чисти и уредни нокти.

Напиши коментар