Free zone

Полнa со живот и позитивa: Зошто е добро да имате пријателка родена во знакот на овен

Ако имате пријателка родена во знакот на овен, можете да бидете сигурни дека никогаш нема да ви биде здодевно со неа, но исто така и дека имате личност во животот што ќе остане со вас во која било неволја да се најдете.

Во ова време кога остануваме дома поголемиот дел од времето, другарката овен ќе бидат главниот двигател на виртуелното дружење со пријателите.

Во ера на ограничена активност и движење, членките на овој хороскопски знак ќе бидат подготвени да изготват разни виртуелни активности за себе и пријателките да можат да се забавуваат.

Таа е полна со живот и позитива, секогаш иницијатор на одлични планови, расположена за забава кога и се чини дека на секој околу неа му е досадно и способна да ги натера пријателите „да преземат акција“.

Родена е да биде лидер и затоа се чувствува пријатно кога и е доверена одговорност за нејзината група на пријатели.

Како и во љубовта, жената овен и во пријателството може да биде како река – во еден момент носи возбуда и хаос, а во следниот ја нема.

Пријателствата со жената овен често се многу интензивни, дури и кога не траат долго, но таа секогаш има пријатели за цел живот. Таа има тенденција да има широк круг на пријатели бидејќи постојано ги менува интересите и не секој може да остане во чекор со нејзиното темпо.

Ги привлекува другите во сопственото опкружување поради дозата на опасност и непредвидливост што жената родена во тој астролошки знак ја носи како друга кожа.

Сепак, пријателите понекогаш имаат потешкотии да ја разберат нејзината изразена независност, а пријателките можат да бидат љубоморни на неа поради оваа особина.

Кога излегува навечер, не и треба група на пријатели, туку двајца или тројца блиски луѓе кои размислуваат слично на неа и се подготвени за луда забава.

Ако вашата најдобра пријателка е во хороскоп овен значи дека таа ретко или никогаш нема да ве одбие кога ќе побарате помош, бидејќи таа целосно ви верува и ќе направи скоро се за вас.

Најдобрата пријателка родена во овој знак е онаа што ќе ја повикате најпрво ако наидете на неволја, таа никогаш нема да го одбие вашиот повик за помош и ќе остане со вас во која било неволја да се најдете.

Кога ќе ја повикате, таа ќе долета до вас и ќе донесе дарежливост, тврдоглавост, но и здрав разум.

Се разбира, подоцна ќе дофрли „ти реков“ затоа што не сте ја послушале.

Кога одите на шопинг со вашата пријателка овен, можете да очекувате таа да биде најгласна во продавницата, без срам да коментира што и се допаѓа, а што не, со нетрпение чекајќи да стигне на ред на касата.

Најдобриот пријател за овенот е – вага. Чесна и без влакна на јазикот, вагата ќе го смири бесмислениот овен по претераната реакција и ќе го натера да ја гледа ситуацијата од реална перспектива.

Напиши коментар