Денес веќе не ни можеме да замислиме Ријана да не го пее мега – популарниот хит „Umbrella“ затоа што стана нејзината најпозната и најлегендарна песна. Точно е дека хитот најпрво ѝ бил понуден на друга пејачка, но таа го одбила.
Ријана ја издаде песната „Umbrella“ уште во 2007 година и тоа е песната по која нејзината популарност ескалираше. Иако таа веќе започна да ја освојува музичката сцена со хитот „Pon de Replay“, ова е она по што сите ја препознаваат. Сепак, она што скоро никој не го знае е дека ситуацијата за малку ќе била сосема поинаква. Песната е скоро снимена од друга голема дива – Mary J. Blige, но таа ја одбила. Во едно гостување, пејачката раскажа зошто го сторила тоа. Песната ѝ била понудена точно во времето кога се оддржувало доделувањето на музичките Греми награди.. Потоа била номинирана за дури 8 Греми награди и била пресреќна. Токму тогаш ѝ било понудено да ја сними „Umbrella“, но бидејќи била премногу зафатена поради овие други работи, таа одбила, бидејќи на почетокот дури и не звучело како некоја песна која е во нејзин стил.
Она што е уште поинтересно за песната „Umbrella“ е што текстописците The-Dream и Кристофер Трики Стјуарт првично ја напишале песната за Бритни Спирс, но тоа едноставно не се реализирало. Откако Бритни испаднала од игра, песната и била испратена на Мери, а Ријана била третата среќа. На крајот сето тоа заврши одлично, барем за Ријана.