Free zone

Поради Кајли Џенер сите сакаат да бидат црвенокоси: Младата милијардерка повторно поставува нови трендови!

Колку и да изгледа убаво на некого, ќе мора да се потрудите да ја пронајдете вистинската нијанса којашто ќе ви одговара, но и да ја промените целосната нега на вашата коса.

Одамна е познато – сè што прави еден од членовите на кланот Кардашијан – Џенер, станува веднаш популарно, „ин“, трендовски и „нешто што мора да го имаме“.

Најмладата милијардерка, Кајли, е особено позната по своите промени, не само кога станува збор за шминкањето (запомнете ја целата врева околу нагласувањето на внатрешниот дел на окото со светли бои, што ја одбележа целата летна сезона), туку и по промената на бојата на косата.

Кајли создава, луѓето копираат. Сепак, иако црвенокосите со право се сметаат за „огнени“ жени, можеби сепак треба да размислите пред да се одлучите за ваква драстична промена.

На прво место, црвената коса се однесува исто како русата – треба редовно одржување, како и промена на рутината за нега на коса, бидејќи во овој случај, силните шампони се големо не. Исто така, добро би било да инвестирате во квалитетни колор балзами, кои служат за одржување на вашата боја помеѓу фарбањето.

Кога станува збор за изборот на нијанси, запомнете дека потемните тонови повеќе им одговараат на луѓето со потемен тен. Ова е особено точно за нијансите на бојата на виното. Не е исклучено ако не го погодите вистинскиот тон, да мора да носите посилна шминка, за да не изгледате бледо или – „болно“.

Напиши коментар