After Midnight

Поради овие работи момчињата можат да останат имуни и на најзгодната девојка во градот

Зависна од комуникација

Момците нема да ви приоѓаат доколку буквално „висите“ на телефон и се допишувате цела вечер. Паметните телефони имаат место во чантата. Истото важи и за слушалките – тие се апсолутен turn off за момците.

Претерано отворена

Жените воспоставуваат врска со отворање на срцето, а момците сакаат мала мистерија. Наместо веднаш да ги откриете сите тајни, започнете го разговорот со нешто како: “Тоа е еден од најубавите часовници што сум ги видела. Постои ли некоја приказна за него?”

Прeголемо женско друштво

Момците знаат дека секоја девојка во вашето друштво ќе го измери од глава до пети и ќе го коментирате заедно штом се оддалечи. Со други зборови, колку повеќе девојки има околу вас – толку се поголеми шансите да погреши, затоа што повеќе жени значи повеќе критериуми за исполнување.

Тој го завршува разговорот…секогаш

Ако тој мора да ја изговори последната реченица, тоа значи дека не му оставивте пристоен простор да ве праша за вашиот телефонски број. Но, ако кажете: „Морам да одам, но убаво беше да разговарам со тебе“, ќе му биде јасно дека има само неколку секунди да го дознае твојот број. Под временски притисок, момците се подготвени за секакви (интересни) чуда.

Напиши коментар