After Midnight

Поради што жалиме најмногу? Три реченеци кои не сме ги кажале, а требало…

Честопати си го поставуваме прашањето: Дали повеќе се каеме за изговореното или за она што сме го премолчиле? Одговорот е обично второто. Колку пати, кога ќе се свртите кон блиското или далечно минато, сте се покајале што не сте кажале нешто во некој момент? Сепак, постојат работи коишто под силен нагон на емоции, се претешки да се изговорат.

Ми недостигаш

Некои отсуства се многу позначајни од некои присуства. Дури кога некоја личност повеќе ќе ја нема, сфаќаме на колку неверојатни начини го исполнувала нашиот живот. Сепак, исклучително е тешко да се каже – „Ми недостигаш!“ Не она „Ми недостигаш“ за личност што не сте ја виделе два месеци или две години. Станува збор за оние недостигања, за кои гордоста ве спречуваше да ги кажете, па ден денес, сè уште ве измачуваат.

Те сакам

О, да, сите ние многу пати сме ги туркале под тепих овие зборови, затоа што, како што се вели денес, тие се „истрошена фраза“. Сме ги сакале оние кои не смеело да ги сакаме, па затоа сме решиле премолчиме. Сме ги сакале и оние за кои не сме биле сигурни, па затоа од претпазливост сме одлучиле тоа да не го откриеме. А, понекогаш сме биле сакани и сме сакале подеднакво, но нашето его и гордост спречиле да го кажеме тоа. Едно е сигурно, секое премолчено „Те сакам“, денес влече големо прашање со себе: „А, што ќе беше ако имав храброст да го кажам тоа?“

Те посакувам

Денес, кога многу работи се отворени, некои луѓе едноставно не сакаат да преминат одредени интимни бариери. Ако постои силна хемија помеѓу две лица, не е важно кој прв ќе го каже тоа, бидејќи на двајцата им е јасно дека силно се посакуваат. Затоа, не дозволувајте да изгорите од незадоволените страсти, но, веќе кога сакате, сакајте храбро и отворено, бидејќи шансите да изгубите се исклучително мали.

Напиши коментар