After Midnight

Пораки кои се забранети за вашето поранешно момче – Вакво нешто никако не смеете да му испратите

Жените често кога нема да расчистат со своие емоции, сакаат да им се вратат на поранешните партнери.
Иако наводно ставиле крај на тоа, нив честопати ги обзема чувство на осаменост или во секој следен партнер бараат нешто од нивното поранешно момче. Во такви ситуации, постои грешка кои жените често ја прават, а тоа е испраќање пораки.

Најдобро би било да не го правите ова воопшто, но дури и ако веќе сте одлучиле, треба да ги избегнувате овие пораки:

Ми недостигаш – Без оглед дали е тоа вистина или не, најдобро е да му кажете во живо. Обично ова се кажува по некои навраќања на убавите моменти, а можно е да не мислите така.

Навистина ми е жал – со оваа реченица, вие всушност му дозволувате да помисли дека целиот живот ви се врти околу него.

Срцепарателни текстови од песни – Жените знаат да се пронајдат во некој од текстовите, но тоа во никој случај не е причина да му ги испратите на поранешниот партнер. На тој начин, повторно ќе избегнете да поминувате низ тешки емотивни моменти.

Мислам на тебе – Ако навистина завршите, тогаш никогаш не треба да испраќате ваква порака. Ќе му дадете сигнал дека сè уште го сакате и тој навистина ќе го сфати тоа буквално.

Напиши коментар