After Midnight

Поранешното момче или симпатија на твојата BFF за тебе е забрането овошје – постои многу добра причина зошто е тоа така!

Не можеш да контролираш кој ќе ти се допадне, а кој не. Сепак, понекогаш е подобро, и за тебе и за луѓето кои ти се мили и драги, едноставно да поминеш низ некои „допаѓања“ и да се обидеш да ги заборавиш што е можно побрзо. Добар пример е момчето со кое твојата другарка била во врска или бил само некој што навистина многу и се допаѓал. Кога станува збор за такво нешто, нема потреба воопшто да имаш дилема, на прашањето дали треба да направиш нешто – Одговорот е секогаш НЕ.

Не е убаво ниту фер кон твојата другарка
Дури и да ти каже дека го преболела и не и е гајле со кого е. Ако директно ти рече дека не и пречи да пробаш нешто, сепак не е во ред и не треба да биде. Можеби ќе ти даде дозвола да пробаш нешто затоа што е добра пријателка и сака да бидете среќни, но во реалноста би и било тешко и болно да ве гледа заедно. Имај разбирање и почит кон твојата другарка и не пробувај ништо. Тоа е само едно момче, има еден куп такви во светот.

Ризикуваш да ја изгубиш својата другарка
Едно момче никогаш не треба да биде поважно од најдобрата другарка. Да се ​​изгуби пријателство поради момче не вреди. Тие доаѓаат и си одат, но пријателствата остануваат. Реално се мали шансите дека ќе останете засекогаш заедно и дека е вистинска љубов, за којашто вреди да повредите некого. Никому не му е пријатно да гледа некој којшто го преболел, а твојата другарка и нејзиното поранешно момче сигурно ќе се сретнат повторно покрај тебе.

Има еден куп момци во светот
Од сите момци на светот, од сите, ТРЕБА да пробаш нешто со еден од оние со кои излегувала твојата другарка? Можеби не можеме да избереме кој ќе ни се допаѓа, но можеме да избереме што ќе направиме во врска со тоа.

Напиши коментар