На овој начин ќе ја уништите косата помалку, а сепак ќе го добиете она што го сакате. Веќе е добро познато дека пеглите и другите уреди за стилизирање, кои работат на топлина, не се добри и ќе ја уништат вашата коса, особено ако ги користите често.
Производи за коса кои исправуваат
Првото нешто што ќе им помогне на оние чија коса е релативно исправена, но им треба малку за тоа да биде тоа. Постојат шампони, балсами и маски кои имаат таква формула што ќе ви помогнат да ја исправите косата. Таквите производи се многу хидрантни, тие ќе ја направат косата потешка и така ќе добиете убава и права коса, без пегла. По миењето на косата може да се користи и серум кој го има истиот ефект.
Огромни витлери за коса
Можеби прво ќе помислите дека ова нема смисла затоа што се користат за виткање на косата, но исто така можат да помогнат и во исправување на косата. Кога ќе ја завиткате влажната коса околу широките витлери, резултатот ќе биде права коса. Потребни ви се навистина големи витлери, кои кога ќе ја завиткате косата околу нив, само ќе ги прицврстите со шноли и кога ќе ги извадите подоцна – ќе добиете права коса.
Користете фен за коса, но со ладен воздух
Една опција е да ја исушите косата со фен, но наместо да го користите фенот за коса како и обично, префрлете го на ладно дување. Секој фен за коса денес ја има оваа опција, иако најчесто ја игнорираме. Вашата коса ќе се исправи, студениот воздух нема да ја оштети колку топлиот, а косата нема да биде разлетана, туку убаво исправена. Сепак, имајте на ум дека на овој начин процесот на сушење ќе трае малку подолго, бидејќи нема топол воздух.