Free zone

Потценети козметички производи – Ако не сте пробале ништо од овој список, можеби е време да го направите тоа!

Повеќето жени се држат до испробаните рецепти кога станува збор за козметиката. Обично купуваме производи што ни одговараат и оние коишто ни се веќе испробани.

Сепак, понекогаш навистина треба да излезете од вашата зона на удобност и да му дадете шанса.

Масла за лице
Ова е веројатно еден од најпотценетите производи, особено за жените кои имаат комбинирана и мрсна кожа. Најчесто, тие мислат дека маслото ќе ја направи кожата уште помрсна и ќе ги занемарат, а вистината е далеку од тоа. Пронајдете масло кое му одговара на вашиот тип на кожа, нанесете го и гледајте ја магијата.

Молив за очи во боја на кожата
Во принцип, најпопуларните моливи се потемни нијанси, а кога станува збор за светли, се издвојува само белата. Молив во боја на кожа може да се користи за милион работи – визуелно ќе го зголеми окото, ќе го подигне лакот на веѓите, ќе го користите за да покриете каква било неправилност на лицето, ако коректорот не ви е при рака, можете да го користите за да направите ефект на поцелосни усни…

И најдобро од сè – изгледа многу поприродно од белиот молив.

Крем производи
Производи, што исто така ретко ги гледаме во несесерите се кремасти руменила, нагласувачи, бронзери. Голема грешка! Тие изгледаат толку природно и бојата како да доаѓа од длабочините на вашата кожа.

За жал, сега кога носиме маски, тие и не се многу паметно решение, но штом епидемијата ќе заврши и ќе му се вратиме на нормалниот живот, не заборавајте да се почестите со кремаст производ.

Подлога на ноктите и завршен слој
Жените генерално го избегнуваат овој чекор, што може да го продолжи маникирот за неколку дена. Кога ставате лак на добро исушена основа, маникирот трае неколку дена подолго.

Жените кои го прескокнуваат завршниот слој, не разбираат што прават – купете некој што им дава сјај на ноктите и влијае на брзото сушење. Лакот прекрасно ќе сјае, и ќе биде сув за помалку од една минута! А, ако случајно се лакирате навечер пред спиење и потоа се разбудите со бразди на ноктите, завршниот слој ќе го обожавате.

Напиши коментар