Дали припаѓате на оние луѓе кои никогаш немаат доволно простор во плакарот? Ако одговорот е да, време е да научите да започнете да средувате барем еден вид облека на поинаков начин. Дуксерите се една од најобемните работи, а сега започна сезоната кога најчесто ги носиме. Сепак, фактот дека се обемни, не значи дека треба да заземат најмногу место. Ви претставуваме трик, со чија помош ќе го здиплите дуксерот така што ќе зафаќа најмала можна површина. За само 15 секунди, можете да го завиткате ова широко парче облека во едвај забележлива топка.