Тој е огнен знак како и Лавот и Овенот, но е поблаг и потопол од нив и лесно може да се прилагоди на другите. Тој е исто така машки знак. Неколку одлики, коишто ќе ги наведеме подолу се причините зошто Стрелецот е подобар од другите.
Секогаш е позитивен
Тешко е да се види дека е тажен, а кога е тоа така, тогаш мора да има навистина добра причина. Сепак, тој лесно наоѓа решение и продолжува со насмевка на лицето.
Сака да патува
За него патувањето е храна за душата. Најмногу од сè, овој знак сака да патува и не престанува да го истражува светот. Никогаш не му е доволно. Тој секогаш се обидува да испланира барем едно патување годишно или барем успева да посети друг град.
Тој е секогаш искрен
Стрелецот не може да се воздржи од искажување на своето мислење. Понекогаш може да повреди други луѓе, но не му е важно затоа што смета дека мора да биде искрен по секоја цена. Ако сакате да прашате некого за совет, тој е секако вистинската личност за тоа, бидејќи тој ќе ви каже каква е реалната состојба на работите.
Забавен е
Што и да се случи, Стрелецот наоѓа нешто добро во тоа. Тој сака да се забавува и да ги забавува другите луѓе. Не му е тешко да биде главен во друштвото, да биде некој што зрачи со добра енергија, бидејќи за него е важно сите околу него да бидат среќни. Тој секогаш е тука за другите во тешки моменти, затоа размислува како да ги расположи сите. Излегување, патување, славење – никогаш не е исто без него, и секогаш е забавно со него.
Секогаш ги трга проблемите на страна
Иако сите имаат проблеми, лицето родено во овој знак се прави дека ги нема. Стрелецот не сака да ги оптеретува другите со своите проблеми и затоа има многу луѓе родени во овој знак кои се занимаваат со јавна работа – затоа што така можат да ги остават проблемите настрана.