Celebrity

Позната манекенка почина на лице место откако сакала да направи „совршено селфи“: Алкохолот и наркотиците си го направија своето!

Познатaта манекенка и модел, Мадалин Дејвис (21), настрада обидувајќи се да направи совршено селфи.

Манекенката настрада откако се лизнала на „селфи-местото“ на плажата Бонди. За време на падот, таа се здобила со огромни повреди и починала, пренесуваат медиумите.

Последователната истрага открила дека таа имала големи количини алкохол, МДМА, кокаин и кетамин во телото.Таа наводно земала супстанции додека била на забава, пред осуммина од нив да одлучат да отидат да го гледаат изгрејсонцето на „селфи-местото“ , на плажата Бонди.

Според очевидци, групата се искачила преку оградата за да пристапи до местото, а потоа се упатиле по брегот на карпата.

Лекарот кој ја констатирал смртта, Гордон Клоу изјавил дека дрогата и алкохолот „го нарушиле нејзиното носење на одлуки, рамнотежа и координација“.

Во еден момент се слушна само:

“Падна. Ја нема. Таа падна.”

Службите за итни случаи пронашле „бела балетанка на работ на карпата и многу лименки пиво“, опишувајќи ја несреќата како „екстремна“. Потоа го пронашле нејзиното тело.

Семејството ја опишува Мадалин како „многу здрава девојка која сакала да се дружи со пријателите“ и била „многу добра“.

Според нив, таа не била некој што сака да пие алкохол, но изјавата на нејзината пријателка прочитана на суд вели дека сакала „малку да се опушти додека излегувала“ и дека наводно се дрогирала и порано.

Судот го прогласи случајот за несреќен случај.

Напиши коментар