Познатата песна “Đurđevdan” беше создадена во „возот на смртта“ што патуваше од Сараево до Јасеновац, сведочи професорот Жарко Видовиќ, историчар на уметност од Сараево, кој беше во неславниот концентрационен логор во 1942 година.

Кога гладните и жедни Срби кои за време на Ѓурѓевден беа пренесувани со вагони до неславниот логор, почнаа да лелекаат, еден Сараевец прво запеа: “Proljeće na moje rame slijeće, đurđevak zeleni, svima osim meni…”

Според овој историчар, во 1942 година, Србите биле затворени во вагони за добиток на Ѓурѓевден, а по наредба на НДХ, полицијата ги одвела.

Според него, приведените во вагони без храна и вода почнале да паѓаат во кризa поради страв и неизвесност.

„На вагоните пишуваше: 7 коњи или 40 војници, а ние бевме сместени по 200 луѓе во еден вагон, така што немаше простор да стоиме, ниту да седиме. Немаше ни доволно воздух, а за вода и храна да не зборуваме“, сведочи Жарко Видовиќ.

Во општ хаос, еден од нив, за кој се вели дека бил член на сараевската „Слога“, со гордост запеа за прв пат: “Proljeće na moje rame slijeće, đurđevak zeleni, svima osim meni – Đurđevdan je!”.

Усташите ги затворија вагоните поради песната “Đurđevdan” и затворениците останале без воздух во мал простор.

Од 3.000 луѓе кои заминаа од Сараево, 2.000 пристигнале во Јасеновац, а двесте преживеале тортура на крајот на војната.

Подоцна, песната ја надогради Горан Бреговиќ, а најпозната е во иведбата на “Bijelo Dugme”.

Исто така, оваа песна е неофицијална химна на навивачите на Црвена звезда како и слава на кошаркарскиот клуб Црвена звезда.

Напиши коментар