Celebrity

Познатиот Рон од Хари Потер стана татко: Неговата ќеркичка доби навистина необично име!

Актерот Руперт Гринт, кој се прослави со улогата на Рон Визли во филмовите на Хари Потер, неодамна го доби своето прво дете.

Имено, тој и неговата сопруга Џорџија Грум станаа родители на девојче, а Руперт сега направи и профил на Инстаграм за на светот да му ја претстави својата ќерка.

  • „Хеј, Инстаграме, само 10 години подоцна, но еве ме. Тука сум да ве запознаам со Wednesday (Среда) G. Grint. Останете безбедни, Руперт “, напиша актерот и привлече голем број лајкови и коментари.

Многумина веруваат дека името на ќерката, Гринт и неговата сопруга го избрале по примерот на Wednesday (Среда) Аdams, но тие не го потврдија тоа.

Напиши коментар