Скративте половина од вашата коса и сега не сте сигурни дали тоа беше вистинската одлука?
Секоја должина на коса има свои предности и некои фризури што можете да ги имате со пократка должина на косата, не постои начин да ги направите ако не ја скратевте косата! Ако имате коса до рамената, па дури и пократка, којашто е природно виткана, време е да откриете како можете да ја обликувате.
Една девојка од ТикТок понуди три одлични решенија за овој вид на коса.
Првото е да оставите два прамена од двете страни, а остатокот од косата да го соберете со марама во опашка..
Другата опција е да ја поделите косата на половина, а потоа да го соберете горниот дел од косата на две помали опашки.
Третото решение е да сторите сé исто како и за втората опција, само што косата ќе ја поделите на два дела од задниот дел и ќе ги врзете тие делови со ленти за коса.
Погледнете како изгледа тоа: