Free zone

Премногу добро! Модна ревија на Андреа од Загреб што можете и сами да ја направите

Деновиве, гледаме сè покреативни видеа кои доаѓаат од „ТикТок“, една од најпопуларните социјални мрежи во светот.

Сите ние се обидуваме да се забавуваме на секој можен начин да го направиме нашето време дома што е можно попријатно, а креативната Андреа се испроба и со малку поинаков моден дизајн.

Модната недела во Париз, закажана да се одржи во јули, неодамна беше откажана, но тоа не значи дека не можете да уживате во новите ревии. Дизајнирајте своја модна ревија, исто како што тоа го направи Андреа.

Дневната соба стана писта, а Андреа се прошета низ неа во креации што доаѓаа од сè што и се најде при рака.

Така, јорганот стана раскошна тоалета, кујнските крпи се претворија во мини здолништа, а кесите за отпадоци станаа кратки маички.

Нејзината колекција за изолација пролет/лето 2020 година, исто така, вклучуваше парче украсено со апликации, но секако немаше место за вообичаените светки и брошеви. Тие беа заменети со кујнски сунѓери и штипки за облека.

Андреа ни покажа дека за добра забава е потребно малку волја и креативност.

Препуштете и се на вашата фантазија и организирајте ја сопствената модна ревија која сигурно ќе го воодушеви вашето семејство.

Напиши коментар