По неколку различни спинови на оваа серија, сега пристигнува уште еден. Се вика „Pretty Little Liars: Original Sin“ и објавено е дека сценарист на серијата е Роберто Агире Сакаса.
Една од оние серии што ги одбележаа 2000те години е дефинитивно оваа серија. Тоа беше серијата што не оддржуваше будни сезона по сезона и во очекување што ќе се случи следно, затоа што никој не можеше да предвиди. По неколку обиди за снимање спин-оф на серијата, кои сите не успеаја, сега има повторен обид. Овој пат треба да биде подобро, а еве што не чека. Пред неколку дена, официјалните профили на социјалните мрежи објавија дека нешто ново доаѓа на HBO.
Поставката се менува, а исто така и актерската екипа. Во оваа серија се наоѓаме во градот Милвуд, и иако е ново место, заплетот ќе ви звучи познато. Група тинејџерки се најде под напад на непозната личност која се обидува да стори сé што е можно за да ги натера да платат за лошите работи што ги правеле нивните родители во младостa…