Celebrity

Пристигнува новиот “Пинк Пантер” – И ќе биде значително различен од сите претходни

Добрата вест, за сите љубители на цртаните и долгометражни филмови, доаѓа од филмското студио „МГМ“. Тие најавија комплетно ново и необично продолжение на „Пинк Пантер“.

Ќе биде значително различен од претходните. Нема да биде продолжение на двата дела на „Пинк патер“ со Стив Мартин. Исто така, нема да биде како претходните делови во кои играше генијалниот Питер Селерс.

Новиот проект ќе го режира Џеф Фаулер, кој минатата година на публиката и го претстави филмот „Соник ежот“. Новиот „Пинк Пантер“ ќе биде комбинација на играна и анимирана продукција. Ќе се базира на славниот лик создаден од Блејк Едвардс. Сè уште не знаеме многу за сценариото, ниту кој сега би можел да го игра славниот инспектор Клузо. Јасно е дека Стив Мартин нема да се врати во оваа улога. Овој филм ќе биде најблиску до познатиот цртан филм, од кој долгометражните филмови беа многу различни. Најверојатно ќе покаже како несмасниот инспектор, по повредата, почнува да гледа замислен противник – розовиот пантер.

Напиши коментар