Celebrity

Проблеми во љубовниот живот: Џенифер бара од својот вереник да потпише договор за неверство!

Пејачката Џенифер Лопез годинава планираше да се омажи за својот вереник, Алекс Родригез, но за жал тоа не беше можно, поради ситуацијата со Коронавирусот. Сепак, се појавија детали од предбрачниот договор што нејзиниот вереник сè уште не го потпишал. Странските медиуми наведуваат и дека овој документ е една од причините зошто свадбата била одложена, а исто така се наведува дека се појавиле проблеми меѓу нив двајца.

Пејачката е подготвена дури и да ја прекине врската со нејзиниот шест години помлад партнер, доколку не го потпише договорот.

„Предбрачниот договор ги одалечи и сега тие често се караат. Ако Алекс одбие да го потпише, Џенифер е подготвена да го напушти. Двајцата се навикнати на врски со помалку познати и помалку богати луѓе и очекуваат другата страна да се согласи на сите нивни барања “, откри извор близок на парот.

Според неименуваниот извор, на Џенифер особено и е важен делот во врска со неверството.

„Џенифер го принудува Алекс да ја потпише „клаузулата за неверство“. Во случај на измама, според оваа точка од договорот, тој е должен да и плати дури 250 милиони долари. Од друга страна, неговите адвокати го советуваат да се бори за промена на договорот, па односите меѓу двајцата се многу напнати во последно време“, заклучува изворот.

Напиши коментар