Free zone

Професии кои дури и Кардашијан ги сметаат за многу необични!

Оваа чудна година конечно се ближи до својот крај. Можеби ви донесе нешто добро (честитки!), но, ако сте меѓу оние кои ја искусија целата моќ на „новото нормално“ од прва рака и се принудени да бараат нова работа или едноставно мислат дека е време за промена, но не знаат од каде да започнат, препорачуваме да се обидете да размислите надвор од рамките. И навистина размислете за вашите таленти. Дури и ако на прв поглед не се очигледни.

Бидејќи во новата сезона на Keeping Up With The Kardashians, членовите на ова мега популарно семејство дискутираa за необичните професии, па тaка нè инспирираа да составиме список.

Професионален прегрнувач (?)
Не сме сигурни за преводот, затоа што професионалниот прегрнувач е нова професија, многу барана во овие времиња на отуѓување. Добрата прегратка трае 15-20 секунди за да се ослободи окситоцин, но ако имаме предвид колку луѓето се осамени во современиот свет, не е изненадување што тие понекогаш бараат помош од професионалци. И оваа професија, исто така се најде во криза, земајќи ги предвид препорачаните мерки за заштита во пандемијата, но побарувачката за неа сигурно ќе се зголеми по Covid-19.

ASMR изведувач

ASMR или autonomous sensory meridian response е искуство на лесна еуфорија што предизвикува позитивни чувства и пецкање и е предизвикано од звучни или визуелни стимуланси. Некои од звуците што можат да предизвикаат таков ефект се шепотење, прелистување на страници од книга, пиење или џвакање, воздивнување во микрофон, потчукнување на разни предмети на површини итн.… На YouTube има цела низа различни видеа, од оние каде што лицето џвака во микрофон, до индиски масажи на глава и чистење на чевли, а луѓето што ги снимиле сигурно можат добро да заработат, бидејќи имаат неколку милиони прегледи.

Судија за дезодоранси

Сите сме слушнале за „носеви“ за парфеми, чија работа е да осмислуваат и комбинираат различни мириси на парфеми. Но, судиите или „носевите“ за дезодоранси се малку помалку гламурозна, но сепак важна професија. Нивната работа е да ја проценат ефективноста на дезодорансот со примена на дезодоранс само под едната пазува, во просторија каде што температурата е зголемена, а тие треба да ги мириснат и двете пазуви и да ги забележат резултатите.

Напиши коментар