Free zone

Променете ги овие три лоши навики и ќе бидете навистина посреќни

Многу психолози веруваат дека рецептот за успех лежи во промената на три особено лоши навики, кои де факто, ја саботираат нашата шанса да бидеме среќни. Жалењето, занемарувањето на себе и одолговлекувањето, се најлошите работи што можеме да си ги направиме, а еве и зошто:

Жалење
Жалењето е непријател на среќата. Без оглед колку задоволство чувствуваме кога „исфрламе сè од себе“, тоа е само привремено задоволство што брзо ќе биде заменето со очај. Нема ништо лошо во изразувањето незадоволство ако тоа доведе до позитивна промена во однесувањето.

Постојаното лелекање без да се обидете да промените нешто, од друга страна, само ќе доведе до уште поголема фрустрација, и на крајот до апатија.

Занемарување на себе
Мали се шансите да бидете среќни ако не се грижите за себе. Како ќе уживате во животот ако не спиете доволно, не сте задоволни со својата тежина и немате енергија да го завршите започнатото?

Пред да добиете шанса да бидете среќни, мора малку да ги засукате ракавите, да работите на себе и да не дозволувате бесцелноста повторно да ве земе под свое крило.

Одложување
Одложувањето на обврските нема да има добар ефект врз вашата благосостојба. Како прво, одолговлекувањето е многу стресно, бидејќи во моментите кога не го правиме она што треба да го правиме, не можеме навистина да се забавуваме.

Кога така бегаме од одговорност и напор, во суштина стануваме психички послаба личност, неспособна да се соочи со нови предизвици.

Напиши коментар