Free zone

Проверете дали сте добар детектив: Можете ли да ги решите овие загатки?

Внимателно прочитајте ги прашањата и обидете се да ги решите овие загатки. Точните одговори ве чекаат на крајот од текстот.

  1. Мистеријата на празниот подрум
    Енди е во подрум кој е покриен со многу земја и само еден прозорец кој е поставен многу високо. Во подрумот се наоѓа и една лопата, а Енди има 2 дена да избега од подрумот. Нема доволно време за копање тунели.

Што мислите, како успеал да избега?

  1. Кој го украде прстенот?
    Никол отишла во полициската станица и пријавила кражба на стар прстен. Кога полицијата дошла во нејзината куќа, забележала голем хаос и еден скршен прозорец. На тепихот биле видливи траги од стапала, но немало други знаци на провала. Следниот ден полицијата ја уапсила Никол поради измама.

Зошто?

  1. Отровен пијалок
    Марија и Ана отишле на пијачка. Нарачале ист пијалок, Ана била многу жедна и веднаш го испила нејзиниот, додека Марија својот го пиела полека.

Кој пијалок бил отровен, ако само на Марија не и било добро?

Решенија:

  1. Енди, со помош на лопатата, направи куп земја под прозорецот и така успеа да го достигне и да излезе надвор.
  2. Веднаш штом полицијата пристигнала на местото на злосторството, тие знаеле дека Никол сама го сторила тоа. Стаклото од скршениот прозорец се наоѓало од надворешната страна на куќата, што значи дека било скршено од внатрешната страна на куќата.
  3. Отровот бил во мразот, а затоа што Ана веднаш го испила пијалокот, а отровот немал време да се растопи.

Напиши коментар