Следниот пат кога ќе одите во салон за маникир или кога ќе ги средувате ноктите дома, ова нека биде ваш водич за избор на облик на вашите нокти, затоа што не е сеедно.
Долги и тенки прсти
Ако имате долги и тенки прсти, при изборот на обликот или формата во која ќе ги направите вашите нокти, не ви треба ништо што ќе додаде поголема должина, бидејќи и онака прстите изгледаат долги и елегантни. Најдобро ќе ви одговараат пократки нокти. Долгите само ќе направи сè да изгледа уште подолго, а понекогаш и навистина нема потреба од тоа. Кратко и слатко е она по што треба да бидете водени и што најмногу ќе ви одговара.
Широки прсти на горниот дел кај ноктите
Постои и форма на прсти каде што се поизразени горните делови на прстите, поточно делот околу ноктот. Со вакви прсти најдобро е да се најде средина, да не се носат премногу кратки нокти затоа што тогаш прстите ќе изгледаат уште пошироки, но ноктите нема да се добри или многу долги бидејќи сè ќе изгледа смешно и неприродно. Најдобрата форма на ноктите за вас е онаа што веќе ја имате. Ако одите во салон, замолете ја жената што работи таму да внимава да не го изгуби обликот на ноктот што го имате, бидејќи тоа е најдобриот избор за вас.
Издолжени палци
Постојат палци кои се издвојуваат по тоа колку се издолжени. На ваквите нокти најмногу им одговараат облици на нокти кои се заоблени, без никакви остри агли и шпицови. Најдобро е да не се претерува со должината, односно да се задржи некоја златна средина, но да бидат убаво заоблени.
Подебели прсти
Како што некој има многу тенки и долги прсти, така некои имаат пократки и подебели прсти. Ако имате вакви прсти, идеални нокти за вас ќе бидат оние долгите кои одат во шпиц. Тие ќе дадат илузија дека вашите прсти се подолги и потенки и сè да изгледа што е можно подобро.