Free zone

Првата виртуелна венчавка: Љубовта сепак победи, но овој пат преку Zoom апликацијата!

Многу парови беа принудени да ја откажат планираната венчавка поради ситуацијата со пандемијата предизвикана од Коронавирусот. Некои сепак, се обидоа да пронајдат начин.

Скот Мармон (32) од Њујорк и Августина Монтефиори (28) од Аргентина се заедно од 2017 година, но тие ја одржуваа својата врска на далечина последната година, бидејќи Августина од Денвер се вратила во Буено Аирес.

Скот ја запросил Августина во јануари годинава, а планирал и да се пресели во Аргентина во март. Пандемијата, за жал, ги затвори границите и го принуди овој пар да ги промени своите планови.

Скот се обидел да добие одобрение да лета за Аргентина, но бил одбиен, бидејќи парот се уште не бил венчан. Властите едноставно не разбрале дека тој не доаѓа како турист, туку дека сака да се ожени и да продолжи да живее во Аргентина. Двајцата се одлучиле на еден потег којшто, доколку ситуацијата со Коронавирусот продолжи, ќе стане единственото решение.

Државата Јута ја одобри нивната венчавка преку Интернет, па Скот и Августина се венчаа пред матичарот и нивните семејства, оддалечени скоро десет илјади километри. Сега Скот може да аплицира за семејна виза и конечно ќе можат да бидат заедно.

Нивната венчавка е првата мултинационална виртуелна венчавка по појавата на Коронавирусот. Церемонијата се оддржа преку апликацијата Zoom и траеше 19 часа. Беа поканети и виртуелни гости, а Августина и Скот носеа венчаница и костум.

Овој пар планира уште една, „вистинска“ венчавка во мај следната година. Секако, тие се надеваат дека дотогаш мерките ќе бидат олабавени.

Напиши коментар