After Midnight

Психологијата открива: Зошто луѓето се самосожалуваат додека се single?

Жените на возраст од 20 до 30 години се повеќе се прашувани зошто се сами, а притисокот на општеството во таа смисла понекогаш може да биде немилосрден. Се чини дека се повеќе жени, поради неоснована социјална осуда, сè повеќе забораваат дека осаменоста е личен избор и се појавува еден вид на вознемиреност, што се сведува на напад на паника поради недостаток на партнер.

Дури и оние кои се свесни дека ова прашање обично си го поставуваат себеси поради товарот на социјалниот притисок, понекогаш знаат да се запрашаат дали некогаш ќе се појави некој кој ќе им одговара и покрај кого ќе можат да бидат тоа што се.

Друг социјален проблем е што новите генерации се залагаат за претпазливост и пред да се случи љубовта, таа претпазливост ги спречува да се релаксираат и да дозволат искрите меѓу нив да се раѓаат спонтано, да запалат сè и да се случи љубов, внимание и разбирање. Сè она по коешто копнеат длабоко во себе и во кое, за жал, престанаа да веруваат.

Психолозите тврдат дека осудата за осаменост, во емотивна смисла, е длабоко вкоренета во нашата култура, така што сè повеќе млади луѓе се справуваат со товарот на таа осуда и губат самодоверба, живеејќи со прашањето: „Кој е мојот проблем?“

Психолозите ја нагласуваат важноста на осаменоста, како период на самопознавање, работа на себе и подготовка за друга личност. Затоа тие гледаат голем проблем во недостатокот на самодоверба кај младите луѓе кои се сами веќе некое време. Тие сметаат дека е потребно да се разбере дека осаменоста е личен избор и ништо повеќе од тоа.

Понатаму, психолозите истакнуваат дека е важно во моментите на несигурност да не се повлекувате во себе, бидејќи тоа може да предизвика депресивно однесување. Колку повеќе се опкружувате со луѓе и позитивна енергија, толку повеќе ќе уживате во вашиот живот и нема да ставате непотребни емотивни дилеми пред вас.

Тоа што сте сами значи само едно: Вие сепак треба да работите на себе за да се заљубите и да се подготвите за личноста што ја чекате. Тоа е само ваша одлука и само ваша потреба и не дозволувајте да се кршите под притисок. Ако вашата совршена личност сè уште не е до вас, тоа е само затоа што не сте целосно подготвени за тоа, а тоа ќе се промени само со постојана работа на себе. Затоа, не сомневајте се во себе ни најмалку, туку научете да уживате во вашиот живот и вашето време и многу брзо ќе сфатите дека љубовта е тука во вас и покрај вас!

Напиши коментар