Free zone

Рај на балконот или во дворот со малку пари

Сите сакаме да престојуваме на свеж воздух, па дури и ако е урбан, а со малку пари, малку простор и малку креативност, можете да направите своја приватна оаза.

Креирајте дневна соба

Ќе ви треба градинарски мебел, маса со удобни столчиња или клупа со маса. Потоа треба да го рекреирате просторот како затворена просторија.

Уредете ги ѕидовите, просторот за седење, подот … Не, не треба да викнете ѕидари, туку треба да ги ставите предметите и да ги поставите како што би направиле во затворен простор.

Ставете прегради од бамбус или друг материјал, усогласете ги со бојата на ѕидовите и боја на тепихот, закачете растенија кои ќе ви овозможат делумна приватност за вашиот простор.

Искористете ја вашата фантазија, но кога ќе декорирате, размислувајте како за затворен простор, а не градина.

И, за крај, не заборавајте да го користите вашиот нов простор. Јадете десерт таму, прочитајте книга, пијте лимонада со членовите на семејството, играјте карти или поканете пријатели на кафе и колачи во вашиот нов простор.

Погледнете примери во галеријата.

Напиши коментар