Речиси и да нема поголем „удар“ врз мажот од неможноста да го сопре пребрзиот оргазам.
Според истражувањето на научниците, се чини дека тие неможат да сторат многу околу тоа.
Поточно, тоа зависи од генетскиот запис што го наследиле од таткото, тврдат шведски и фински научници.
Истражувајќи го овој непопуларен феномен кај скоро 1.500 мажи на возраст меѓу 18 и 45 години, тие откриле дека имале наследен дефект во нивниот ген што ослободува допамин.
Допаминот, патем, е невротрансмитер кој игра голема улога во целокупното сексуално искуство.
Кај овие мажи, нивото на допамин во мозокот, во клучниот момент, е низок. Затоа се јавува предвремен оргазам.
Покрај тоа, тие го имаат овој клучен ген, кој влијае на ослободувањето на допамин, хормон на среќата и задоволството, во малку поинаква форма во однос на мажите кои ги немаат овие потешкотии.