After Midnight

Раскажани приказни за првиот пат: Се*сот не е само „чин“

Истражувањата покажаа дека повеќе од 90 проценти од тинејџерите во средно училиште не добиваат сексуално образование како што треба. Сексот не е само еден чин, но никој не може тоа да го објасни.

И иако факт е дека не треба да брзате со овој чин, туку дека треба да го сторите тоа кога ќе се чувствувате подготвени, ние со вас споделуваме неколку искуства кои можат да ви помогнат:

ИСИДОРА, 18 години
Никогаш не брзав да ја изгубам невиноста како некои од моите другарки. Не го чекав наивно принцот на бел коњ, кој одеднаш ќе сврти сè наопаку. Само имав чувство дека би знаела кога ќе дојде вистинското време. Бев некое време со едно многу убаво момче, но никогаш не стигнавме на тоа ниво. Раскинавме пред пет години и тогаш бев сама долго време. Следното момче го запознав пред четири години и бев целосно опседната. Тој беше неколку години постар, неверојатно убав и многу забавен. По неколку месеци, една вечер тоа едноставно се случи. Не му беше прв пат, но тој знаеше дека за мене е прв пат и беше навистина прекрасен, а ме натера и да се чувствувам посебно. Бев дефинитивно подготвена и иако не беше фантастично, уживав.

РУЖИЦА, 17 години
Бев во врска со мојот дечко околу една година пред да се решиме за секс. Бев нервозна и тоа скоро и да не се случи. Ме повреди и му реков да престане. Тој се изнервира и ми рече дека само барам изговори. Отидов во тоалетот и имаше крв, му покажав, па тој разбра. Долго разговаравме и заклучивме дека не сме подготвени. Следниот пат кога се обидовме, не ме повреди толку многу, бидејќи се чувствував многу порелаксирано.

АНЃЕЛА, 18 години
Бев многу решена да имам секс и јас бев таа што го убеди момчето. Една вечер отидовме да слушаме еден бенд, а потоа отидовме во неговата куќа затоа што неговите родители не беа дома. Се бакнувавме на неговиот кревет и бев сигурна: „ВЕЧЕРВА ќе се случи.“ Ниту еден од нас немаше идеја што прави! Исто така, тоа беше дефиниција за „ајао“ момент. Ги пуштивме Lords и се смеевме. Всушност, дури и сега кога ќе ја слушнам песна од нив, се сеќавам на таа ноќ. Беше навистина смешно.

ЛИДИЈА, 17 години
Кога ја изгубив невиноста, не беше воопшто волшебно, за да земам да пишувам бајка за тоа сега, но во тоа време беше едноставна, слатко и коректно. Долго не сме заедно, но никогаш не чувствував дека сум била толку поврзана и опуштена со некого, па сè се случи природно. Звучи како клише, но кога го запознав Оги, тоа беше на плажа, и кога решивме да имаме секс за прв пат тоа се случи кога го поминавме целиот ден на местото каде што се сретнавме, сеќавајќи се на првиот состанок. Значи, би можела да кажам, се чувствувавме навистина љубовно.

Напиши коментар