Раскинувањето со момче е најлошата работа на светот, сè додека не раскинете со вашата најдобра пријателка. Знаците се гледаат со недели, а понекогаш дури и со месеци, пред двете најдобри пријателки да станат само двајца обични странци преку ноќ.
Чекор еден: Тага
Според психолошките истражувања, луѓето кои доживеале одбивање од некој близок, честопати негираат дека тагуваат поради тоа, па дури и дека некогаш ја сакале таа личност.
Ова значи дека ние често ги покриваме нашите вистински емоции, затоа што не сакаме другите да видат дека сме ранливи. Исто така, се случува да ја нападнеме и навредиме личноста што не напуштила и на тој начин да докажеме дека не ни е гајле. Проблемот е што овој метод скоро никогаш не помага и поради тоа сигурно нема да се чувствуваш подобро.
Треба да го прифатиме фактот дека сме повредени и тажни, бидејќи тоа е најбрзиот начин да се опоравиме. Емоциите не треба да се кријат. И не заборавај, твојата најдобра пријателка не е единствената личност во светот што те сака. Пронајди утеха кај луѓето кои секогаш ќе бидат тука за тебе.
Чекор два: Прифаќање
Фактот што нашата најдобра пријателка не остави ни предизвикува тага што никогаш не сме ја чувствувале, туку влијае и на нашата самодоверба. Ќе забележиш дека имаш несигурности кои претходно не си ги имала.
„Не сум доволно добра“, е реченица што често поминува низ умовите на секој што поминува низ овој процес. Вистината е дека сите имаме недостатоци и тоа е нешто што треба да се прифати. Сепак, тоа не е причина да се сомневаме дека не сме доволно добри за другите луѓе и дека не заслужуваме љубов.
Чекор три: Опростување
Ако простиш некому, тоа не значи да дозволиш да се врати во твојот живот со раширени раце. Исто така, не значи дека помалку се цените самите себе. Всушност, простувањето на некој што многу те повредил, ќе ти помогне да ставиш крај на оваа приказна за конечно да свртиш нов лист и да започнеш нова авантура.
Да, твојата најдобра пријателка раскина со тебе … И да, тоа боли … Ние знаеме … Но, ќе го надминеш тоа уште пред да бидеш свесна дека си го надминала.