After Midnight

Реченици кои не смеете да му ги кажете на вашиот партнер

Зборовите коишто ги кажувате треба особено да ги земете предвид кога сте во врска, бидејќи е сосема природно две лица кои се во врска да се расправаат и да имаат различни погледи на светот, но од друга страна, зборовите што ќе ги кажете, допираат на посебен начин и може да ве повредат и да доведат до трајно недоразбирање.

Закани за заминување

Освен ако не сте целосно сериозни во поглед на заминувањето, не смеете да му се заканувате на вашиот партнер на овој начин. Тие зборови го прават ранлив, а последното што сакате е вашиот партнер да се чувствува несигурен кога ќе ви помине лутината.

Навредливи имиња

Освен фактот дека навредите од ваков вид не можат никако да ја подобрат состојбата кога дебатата е во полн ек, потребно е да се воздржите да не си давате погрдни имиња еден на друг, бидејќи на тој начин само ќе го загрозите заемното почитување.

Не ги набројувајте грешките

Ова е нешто што ќе го полуди вашиот партнер, особено ако при секоја кавга ја анализирате неговата најголема грешка. Ако преминавте преку нешто, не враќајте се назад.

Не смеете да му браните ништо на вашиот партнер

Ако вашата реченица започне со забрана, вие веќе зачекоривте во црвената зона. Ако нешто ви пречи, објаснете го убаво и на тој начин безболно решете го проблемот.

Вие ја форсирате само својата перспектива

Кога ќе се развие дискусија поради нешто што вашиот партнер го направил или не го направил, обидете се да ги разгледате работите и од негова перспектива. На овој начин ќе ја избегнете можноста да го повредите.

Кога сте во врска, вие сте особено чувствителни на зборовите и постапките на вашиот партнер, но секогаш треба да имате предвид дека почитта и разбирањето се она од што се раѓа љубовта!

Напиши коментар