After Midnight

Реченици кои сингл девојките не ги поднесуваат

Без разлика дали сте биле сами една година или еден месец, коментарите се редовни и ужасни. Издвоивме само неколку кои ни биле упатени, а во исто време објаснивме и зошто се тотална глупост.

„Колку време си сама?“

Би сакале да можеме да кажеме дека ова прашање го поставуваат само нашите пријатели и роднини (што само по себе е доволен ужас), но за жал, не е така. Од некоја чудна и необјаснива причина, повеќето луѓе сметаат дека ова е прифатливо прашање за да се постави на девојка која е слободна. Всушност, тоа веќе не може да биде лично и несоодветно. Без разлика дали тоа е вашиот последен состанок или вашето последно сексуално искуство, тоа едноставно не е правилно. Не двоумете се да и го кажете ова на следната личност што ќе ве праша. Непријатно е и треба да им ставите до знаење дека е така.

„Не се плашиш да живееш сама?“

Ние разбираме дека постои најискрена грижа зад ова прашање, но тоа не значи дека е помалку сексистичко и пред се непотребно. Прашања како ова инсистираат на тоа дека девојката што живее сама е најлошото можно сценарио, како и дека на жената и е потребен некаков заштитник за да може успешно да живее.

„Да бев сингл, дефинитивно ќе се обидев да те заведам“

Освен кога тоа ќе ни го кажат нашите другарки, инаку овој коментар и не е баш најпријатен. Што значи тоа? Дали слободните девојки воопшто сакаат некој да ги заведува? Дали треба да му се заблагодариме на лицето што го изјави тоа? Не ни е многу јасно.

„Сигурно многу момчиња те бркаат“

Ова може да се сфати како комплимент, но некако нè остава изненадени, најмногу заради текстот на реченицата. Некако се чини заканувачки. Овој коментар, патем, не им прави добро ниту на момците, бидејќи тоа значи дека сите сингл момчиња се агресивни чудаци опседнати со секс кои бркаат жени и не се откажуваат од ништо.

Напиши коментар