Пред неколку години, популарната пејачка Ријана одлучи, покрај пеењето, да и се посвети и на индустријата за убавина, па го основаше својот бренд “Fenty beauty”.
Милиони нејзини обожаватели беа воодушевени од овој потег, а оттогаш таа често почна да објавува туторијали како се шминка и да ги претставува своите производи. Сега таа реши да направи видео во кое открива како се грижи за својата кожа, по целодневното носење шминка и како го одржува беспрекорниот тен, по кој е позната.
Прво, таа ја отстранува шминката со лосион за чистење на лицето, а после миењето нанесува тонер за лице, за кој вели дека и е особено драг производ, бидејќи ги намалува порите, а колку се помали порите, толку кожата изгледа помладо.
Трет чекор во ноќната рутина на Ријана, е нанесување на хидрантен крем и обрнува посебно внимание на тоа, бидејќи е свесна за важноста на хидратацијата за кожата на лицето.
Што се однесува до хидратацијата, пејачката вели дека пие голема количина вода секој ден, токму затоа што се грижи за својата кожа и им препорачува на сите да не го занемаруваат внесот на течности доколку сакаат посјаен тен.